Рашфорд: Еден натпревар одлучуваше дали Јунајтед ќе има успешна сезона – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/19 3:56 PM

Рашфорд: Еден натпревар одлучуваше дали Јунајтед ќе има успешна сезона

По доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед во декември, Маркус Рашфорд заигра многу подобро.

21-годишниот напаѓач со Пол Погба беше најзаслужниот што Јунајтед во тоа време остваруваше добри резултати, но и покрај тоа клубот од „Олд Трафорд“ ја заврши сезоната неуспешно.

Јунајтед беше поразен во четвртфиналето од ЛШ од Барселона, испадна од ФА Купот исто така во четвртфиналето, а во Премиер лигата на крајот заврши на шестото место и остана без Лигата на шампионите следната сезона.

Сепак, Рашфорд смета дека мечот против Челзи на 28. април бил тој кој одлучил дали Јунајтед ќе има успешна сезона.

Хуан Мата тогаш го доведе Јунајтед во водство, за Маркос Алонсо да израмни на 1:1 благодарение на големата грешка на Давид Де Геа.

„Сезоната започна лошо, а потоа на половина пат стана нешто подобро за на крајот да заврши разочарувачки“, изјави Рашфорд.

„Мораме тоа да го гледаме од поширока перспектива. Ако ја погледнете табелата од декември нема шанси дека некој ќе помислеше дека ќе бидеме во Топ 4. Два месеци подоцна се бориме за четвртото место, можеби и за третото, а на самиот крај повторно паднавме. Мечот против Челзи беше неизвесен и да победевме во тој натпревар, тоа ќе се сметаше за успешна сезона со оглед на тоа каде бевме во декември. Тоа е во ред“, заклучи Рашфорд.

Извор: sportclub.mk