”Глобална депонија”- Државата во која се праќа пластичен отпад се заканува дека ќе го врати назад – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/19 2:40 PM

”Глобална депонија”- Државата во која се праќа пластичен отпад се заканува дека ќе го врати назад

Малезија соопштила дека ќе врати стотици тони увезен пластичен отпад во земјите од кои пристигнал, бидејќи не сака да стане глобална депонија.

Секоја година се произведува околу 300 милиони тони пластика, се наведува во податоците на Светскиот фонд за природа, а повеќето од нив завршуваат на депониите или во морето, што се претвора во меѓународна криза.

Кина претходно презела големa количина од отпадот заради рециклирање, но престанала да работи минатата година со објаснување дека сака да ја подобри сопствената животна средина, пренесува AFP.

Сега и Малезија објавила дека ќе ја прекине оваа пракса.

– Апелираме на развиените земји да престанат да испраќаат отпад во нашата земја – изјавила Јео Би Џин, министерка за енергетика, технологија, наука, животна средина и климатски промени.

Таа додала дека таквата постапка е “неправедна и нецивилизирана”.

“Отпадот ќе го вратиме во земјата од каде што пристигнал и нема да имаме милост”, изјавила таа по посетата на неколку контејнери полни со отпад во пристаништето Кланг, кое е најпрометно во земјата.

Извор: denar.mk