„Македонски Телеком” денеска ги предупреди своите корисници да не учествуваат во наградна игра за која им стигнуваат пораки на нивните телефони бидејќи се работи за лажна игра со која може да се злоупотребат нивните лични податоци.
Единствени официјални канали за дигитална комуникација на компанијата се: web site: www.telekom.mk, FB: http://bit.ly/2wwMrP7, Instagram: https://bit.ly/2VWJO4T, Twitter: https://bit.ly/2Mdx0T8 и LinkedIn: https://bit.ly/2QWy0fm.
Vip ги известува своите корисници дека е воочена активност од непознат субјект кој испраќа лажен прашалник т.е. наводна анкета која е направена да изгледа дека е доставена од страната на Вип, а истото ги привлекува корисниците со ветувања за скапи награди мобилни телефони, Samsung и Apple кои Vip воопшто не ги доделува.
Станува збор за т.н. Phishing комуникација преку web страната https://giveawayworldlt.info при што непознатиот субјект ги злоупотребува комерцијалниот назив и Vip брендот на оне.Вип ДООЕЛ Скопје.
Комуникацијата се реализира само доколку корисникот добие порака преку директен маркетинг од непознатиот субјект при што добива можност за пристап до линк за учество во анкетата и во наградната игра во комуникација со временски ограничен период.
Препораката до корисниците е да не одговараат на оваа анкета и да не учествуваат во наградната игра бидејќи постои опасност од злоупотреба на нивните лични податоци.