Се’ за храна: Како најдобро се чуваат млад лук и кромид? – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/19 12:45 PM

Се’ за храна: Како најдобро се чуваат млад лук и кромид?

Постојат повеќе методи за зачувување и одржување на свежината и постигнување на што поголема трајност пролетниот млад лук и кромид. Може да се каже дека се едноставни и лесно применливи, а често пати ги занемаруваме, па еве едно мало потсетување.

Како што знаете македонската кујна изобилува со употребата на овие два зеленчуци. Во млада пролетна верзија кога имаат нежен вкус, а посебно кога се готват, или кога плодот е зрел и дава интензивен вкус. Скоро да нема јадење во кое не се ставаат, сите манџи, чорби, мешани супи, како додаток за скара и месо, на разни начини. А колку пати ви се случило да отидете на пазар и да купите поголеми количини и да го чекате викендот за да ги изедете? – Сигурни сме дека поради мирисот на овие намирници, најголемиот број од нас ја имаат таа пракса. Со цел да придонесеме кон зачувувањето на храната и зачувување на нејзината свежина, споделуваме со вас неколку совети.

Младиот лук и кромид може да ги одржите свежи што подолго, ако се придржувате до следниве насоки:

  • Се чуваат во фрижидер, што овозможува да опстојат 5 до 7 дена.
  • При тоа, можете да ги завиткате во влажна крпа, па да ги ставите во пластична ќеса, повторно да стојат на ладно.
  • Освен така, младиот лук и кромид може да се стави во висока чаша или друг сад со вода, при што доколку се определите за овој начин за одржување на свежината, најдобро е пред тоа да не ги отстранувате коренестите влакненца.
  • Бидејќи во изгледот се многу слични, за лесно да направите разлика помеѓу млад лук и млад кромид, треба да знаете дека зелените ливчиња на лукот се тенки и прави, а на кромидот цевчести и кружни.
  • Најквалитетни и највкусни за јадење се стебленцата кои имаат здрав корен, темни листови, пријатен мирис на лук и бела или малку виолетова боја во основата на крушката.

Преземено од: sezahrana.mk