Со инвестиција од 33 милиони евра, кај Загреб ќе се произведуваат делови за „Боинг“, „Ербас“… – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/19 12:13 PM

Со инвестиција од 33 милиони евра, кај Загреб ќе се произведуваат делови за „Боинг“, „Ербас“…

Компанијата „ФАЦЦ АГ“, со седиште во Австрија, во индустриската зона Јаковље во близина на Загреб почнува да гради фабрика за производство на делови за авиони. Инвестицијата е „тешка“ 33 милиони евра, фабриката треба да почне со работа од 2021 година, а ќе вработува 600 луѓе.

Австриската фирма е ќерка на државна кинеска компанија од авиоиндустријата, а во финансиската 2018-2019 остварила приход од 780 милиони евра, пишуваат хрватски медиуми.