„Испораката на рускиот ракетен ситем „С-400“, наместо во јули, би можела да биде одложена за следите месеци“, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар. Ова двоумење на Анкара се поврзува со се’ посилниот притисок на САД, кои минатата седмица и’ дадоа рок од две недели да го раскине договорот со Русија за купување на напредниот противвоздушен систем.
Министерот рече дека Анкара уште ги разгледувала можните локации за распоредување на системот „С-400“. Русите претхпдно најавија подготвеност испораката, наместо од јули, да ја почне уште од јуни.
Минатата седмица беше објавено и дека Анкара преговарала со Белата куќа во врска со датумот за посета на претседателот на САД, Доналд Трамп, на Турција, која, според најавите, би требало да се случи во јули, кога требаше да почне и испораката на „С-400“.