Во текот на четиридневната посета на Доналд Трамп на Јапонија, американскиот претседател беше третиран како да е цар, а некои медиуми анализираат дека мотивот за такавиот однос на јапонскиот премиер Шинзо Абе бил да го спречи најавеното воведување царини на јапонскиот извоз на автомобили во САД за 25 отсто.
Абе го одведе Трамп на партија голф, омилениот Трампов спорт, потоа на финален турнир во сумо-борење, на кој Трамп беше главна ѕвезда – му ја додели и наградата на победникот, за ручек високиот гостин од САД го честеше бургери, имаше и гламурозни вечери, а посебна програма имаше и за сопругите на претседателот и на премиерот. Трамп беше и првиот светски лидер што го запозна новиот јапонски цар Нарухито, кој е на престолот од 1 мај.
Колку сето тоа ќе влијае на царините ќе се види многу брзо.