Кој се’ ќе биде во Европскиот парламент: Берулскони, НБА-ѕвездата Марчуљонис, ТВ-готвачката Винер, комичарот Семсрот… – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/19 10:49 AM

Кој се’ ќе биде во Европскиот парламент: Берулскони, НБА-ѕвездата Марчуљонис, ТВ-готвачката Винер, комичарот Семсрот…

Помеѓу пратениците во новиот состав на Европскиот парламент ќе се најдат и досега добропознати лица, како, на пример, поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (82), а нему ќе му се придружат и „новаци“ кои на европската, па и на светската јавност им се познати не по поитички, туку по нешто поинакви кариери.

Еден од нив е Литванецот Шарунас Марчуљонис (54), некогашна кошаркарска ѕвезда и во НБА. Тој во ЕП ќе ја претставува Унијата на фармери и зелени, иако не е член на партијата.

Мандат освои и Сара Винер (56) од Австрија, позната ТВ-готвачка, која израснала во Виена, а кариерата ја изградила во Берлин. Ќе го засили блокот на Зелените. „Најтажниот комичар во светот“, Германецот Нико Семсрот, во следните пет години ќе ја претставува сатиричната партија…

На изборите се избрани 751 пратеник од 28. земји-членки на ЕУ. Иако евроскептиците напредуваа, проевропските сили освоија речиси две третини од местата во ЕП.