Реал ја одреди цената за Рамос – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/19 10:30 AM

Реал ја одреди цената за Рамос

Реал Мадрид ќе се согласи да го ослободи капитенот Серхио Рамос, ако добие понуда во износ од 100 милиони евра.

Претходно беше објавено дека фудбалерот има конфликт со претседателот на клубот Флорентино Перез и дека нивниот однос е нарушен. Рамос има две понуди од други клубови.

Исто така, во шпанските медиуми се појавија информации дека Рамос може да ја продолжи својата кариера во Кина и дека бара да му се дозволи како слободен играч да си замине од Мадрид.

За Реал, Рамос игра од 2005 година. Настапил на 606 натпревари и постигнал 84 гола. Неговиот важечки договор е до летото 2021 година.

МИА