Тетовската брза помош бара поголем број вработувања за да можат да го опслужат целиот регион со околу 300 000 пациенти.
Началникот на тетовската брза помош Африм Алиу, вели дека моментално се десет лекари од кои во четири смени дежураат по двајца. Со двајца лекари не можеш да го опслужил целиот регион, ако се земе предвид дека едниот доктор е дежурен и во амбуланта.
Има слуачи кога имаме повеќе од два повици истовремено. Тогаш не можеме да стигнеме навреме, и од граѓаните сме изложени на секакви напади.
Инаку Тетовската брза помош опслужува регион со околу 300 000 пациенти.
Зоран Димовски