Вработен во маркет лоциран на улицата „Христијан Тодоровски Карпош” во Куманово вчера во Секторот за внатрешни работи пријавил дека непознато лице влегло во маркетот и извршило разбојничка кражба.
Како што информираат од кумановската полицијата, по преземени мерки Ф.Н. бил приведен во СВР Куманово и му бил одземен нож.
Во меѓувреме, било пријавено дека, по разбојничката кражба во маркетот, Ф.Н. заминал во просториите на директорот на Центарот за социјални работи Куманово, каде што и упатил закани по животот.
По целосно документирање на случаите против Ф.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Никола Ивановски