Колку пати се случило после ручекот да чувствувате летаргија и да ви ”паѓа” главата затоа што одеднаш сте почувствувале поспаност?
Треба да знаете дека постојат одредени видови храна кои лошо влијаат на нивото на енергија во телото.
Помфрит
Пржените компири се преполни со масло и станува збор за едноставни јаглени хидрати кои треба да се избегнуваат. Имено, брзо го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, но и нагло го намалуваат.
Значи, ако консумирате помфрит за ручек, веројатно ќе почувствувате ненадеен пад на енергијата, летаргија и поспаност.
Кравјо млеко
Кравјото млеко е здраво и може да биде дел од урамнотежена исхрана, но исто така може негативно да влијае на нивото на енергија во телото.
Зошто е тоа така? Кравјото млеко потешко се вари, лошо влијае на варењето на кое му е потребна помош за поголема количина на крв која влегува во цревата, а остатокот од телото мора да функционира со намален проток на крв. Како резултат на тоа, доаѓа до поспаност и летаргија.
Извор: denar.mk