Полициски службеници биле нападнати од три лица додека вршеле интервенција.Настанот се случил синоќа околу 21.00 часот на улицата ,,Сремски фронт“.
Според информациите од Полицискиот билтен ,полициските службеници биле физички нападнати од педесет и едногодишниот Д.Д,четириесет и двегодишниот С.А. и осумнаесет годишниот Н.А., сите од Штип при преземање на службени дејствија.
По преземени мерки, лицата биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.