Рекордна суша во Австралија – ММС
ММС

Објавено на: 05/28/19 12:36 PM

Рекордна суша во Австралија

Сиднеј ги објави првите големи ограничувања за вода во рамките на една деценија. Тие ќе бидат воведени за домовите и бизнисите поради рекордната суша.

Владата на Нов Јужен Велс изјави дека поголемите водни сливови во регионот на Сиднеј се едни од најниските приливи од 40-тите години на минатиот век и дека ограничувањата ќе бидат воведени од следната недела.

Домаќинствата во регионот ќе мора да бидат ограничени во потрошувачката на вода.

Луѓето во Сиднеј ќе бидат казнети до 220 австралиски долари (150 американски долари), а бизнисите до 550 австралиски долари за оставање пуштено црево со вода или користење на систем за наводнување на градините.

На Австралија и се случи најжешкото лето од декември минатата година до февруари.

Управувањето со водите на земјата беше жешка тема во неодамнешните избори по масовните убиства на рибите во реката Мари-Дарлинг, која властите ја посочија како еден од базените со низок воден прилив и ниво на кислород.

Научниците велат дека тешката суша, која го мачи внатрешниот дел од источна Австралија, е смртоносна. Австралија не првпат се соочува со екстремни временски услови, бидејќи во текот на летните месеци често доаѓа до пожари, поплави и суша.

Сиднеј имаше ограничувања на водата во 2009 година, кога сушата траеше повеќе од една деценија во делови од земјата.

МИА