Македонската репрезентација некомплетна ги започна подготовките за дуелите со Полска и со Австрија – ММС
ММС

Објавено на: 05/28/19 12:30 PM

Македонската репрезентација некомплетна ги започна подготовките за дуелите со Полска и со Австрија

Без капитенот Горан Пандев македонската фудбалска репрезентација го почна првиот дел од подготовките за јунските натпревари со Австрија и Полска.

Покрај Пандев, поради клупски обврски отсуствуваат и голманите Илиев и Шишковски, додека Адеми, Николов, Алиоски и Трајковски утре ќе бидат во стројот на селекторот Игор Ангеловски.

Мала повреда на задната ложа има Дарко Велковски, но дефанзивецот на хрватска Ријека е во тренажен процес.

Македонија на 7 јуни ќе игра со Полска, три дена подоцна против Австрија. Двете средби се од квалификациите за ЕУРО 2020 Г-груп и ќе се играат на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. 

МИА