Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ќе пристигне во дводневна посета на Словенија, во текот на која ќе се сретне со највисоките словенечки раководители. Како што се наведува во соопштението на словенечкто МНР, се работи за билатерална работна посета, со која продолжува редовникот дијалог помеѓу Љубљана и Москва.
Лавров во Словенија ќе се сретне со министерот за надворешни работи Миро Церар, со премиерот Марјан Шарец и со претседателот Борут Пахор.