Сугарески: Автопатот Миладиновци-Штип ќе биде пуштен неделава – ММС
ММС

Објавено на: 05/28/19 11:20 AM

Сугарески: Автопатот Миладиновци-Штип ќе биде пуштен неделава

Автопатот Миладиновци-Штип ќе биде пуштен во сообраќај во текот на неделава, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-Не би сакал да шпекулирам кој ден ќе биде пуштен во сообраќај, но до четврток, петок, ќе биде пуштен, рече Сугарески одговарајќи на новинарско прашање на конференцијата „Квалитента арматура-безбедни градби“.

МИА