Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се произнесе по шпекулациите во јавноста дека капитенот Серхио Рамос може да ја напуши екипата.
Тој изјави дека ова не е вистина.
– Слушнав дека имало многу добра понуда за Рамос од кинески клуб, но според тамошните важечки прописи тие не можат да платат за трансферот. Му кажав на Серхио дека ова е невозможно. За Реал невозможно е капитенот да го напушти тимот. Тоа би било ужасен преседан. Сега тој има најголем договор меѓу играчите на Реал. Тој е капитен на тимот и го заслужува. Тој е нашиот најдобар играч. Го сакам Серхио Рамос како син, изјави Перез.
За Реал Мадрид, Рамос настапува од 2005 година. Има одиграно 606 натпревари и постигнато 84 гола. Неговиот договор истекува летото 2021 година.
МИА