Научна трибина „Финансирањето на високото образование” – ММС
ММС

Објавено на: 05/28/19 7:46 AM

Научна трибина „Финансирањето на високото образование”

Состојби и тенденции во финасирањето на високото образование (од аспект на наука, образование, научно истражувачка дејност, извори за финансирање и сл), платите на вработените во високообразовните институции и перспективи за унапредување на финансирањето на високото образование, се темите за кои денеска ќе се дебатира на научната трибина „Финансирањето на високото образование”. Настанот го организира Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Врз основа на согледувањата, констатираните состојби, проблеми и потреби ќе се оформат заклучоци кои ќе бидат доставени до надлежните органи во државата што имаат ингеренции во финансирањето на високото образование.