Домаќинствата коишто примаат социјална помош од среда може да се пријавуваат за добивање детски и образовен додаток. Ова го соопшти Министерството за труд и социјална политика, од каде информираат дека право на овие додатоци ќе имаат и други категории на домаќинства, односно тричлените семејства со приходи до 11.400 денари, четиричлените семејства со приходи до 13.800 денари и петчелените семејства со приходи до 15.000 денари. За да може надоместоците со исплата да ги добијат во текот на идниот месец, тие ќе треба да се пријават во локалните центри за социјални работи.
Од владеачката партија тврдат дека дека во унапредување на детската заштита се вложуваат се’ повеќе средства.
„Посветено се работи на јакнење на капацитетите на детските градинки. За таа цел буџетот за изградба, адаптација и опремување на градинки за 2019 година е зголемен за 300 отсто. Покрај тоа, обезбедени се и 15 милиони долари од Светска банка кои ќе се инвестираат во изградба на нови објекти и воопшто во секторот за детска заштита. Крајната цел, е на овој начин во следните 4 години да се постигне опфат на децата во предучилишно образование до 50 проценти и полека да се доближуваме до европскиот просек. Истовремено, континуирано се вложува во условите за работа на кадарот во детските градинки. Со социјалната реформа, пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати повеќе деца. Конкретно, детскиот додаток наместо досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, додека, пристап до образовниот додаток ќе остваруваат 64.316 деца наместо 3.800 деца како досега“, вели пратеничката Татијана Лалчевска.
Власта и изминатата недела повеќе пати се пофали дека со социјалната реформа обезбедува социјална права како основа за здраво и напредно општество. Сепак, според опозицијата, владата предводена од СДСМ води системот на социјална заштита во пропаст, а социјално загрозените категории се’ повеќе осиромашуваат.
Домаќинствата коишто примаат социјална помош од утре може да се пријавуваат за добивање детски и образовен додаток. Ова го соопшти Министерството за труд и социјална политика, од каде информираат дека право на овие додатоци ќе имаат и други категории на домаќинства, односно тричлените семејства со приходи до 11.400 денари, четиричлените семејства со приходи до 13.800 денари и петчелените семејства со приходи до 15.000 денари. За да може надоместоците со исплата да ги добијат во текот на идниот месец, тие ќе треба да се пријават во локалните центри за социјални работи.