Откриен огромен подводен вулкан кај Мадагаскар – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/19 4:43 PM

Откриен огромен подводен вулкан кај Мадагаскар

Научниците од Институтот за геофизика во Париз открија еден од најголемите подводни вулкани, кој се наоѓа меѓу Мадагаскар и источниот африкански брег.

Вулканот се издига на висина од 0,8 километри над морското дно. Во тој предел сеизмографи од целиот свет често забележуваа бучава што укажува на сеизмичка активност. Притоа, островот Мајот се помести за неколку сантиметри на југоисток.

Во мај 2018 година беше регистриран и земјотрес од 5,8 степени според Рихтер, што е еден од најголемите во оваа облaст. При испитувањата пак, се покажало дека под морското дно има голема маса магма.

Занимливо е и дека за една година Маjот „потонал“ 13 сантиметри.

МИА