Попладнево австрискиот Парламент изласаа недоверба на владата на канцеларот Себастијан Курц по објавувањето на скандалот Штрахе.
По дискусијата која започна напладне и траеше три часа, одлуката беше донесена едногласно.
Како преоден канцелар до предвремените парламентарни избори во септември, е предложен поранешниот претседател на австрискиот Уставен суд Герхард Хохтшвајц, кој треба да состави независна, непартиска влада на технократи .Одлуката ќе биде донесена од страна на австрискиот федерален претседател, Александар Ван дер Белен.
Гласањето за недоверба, исто така, беше едногласно поддржано од страна и на пратеничката група на Либералната партија, која, по распаѓањето на владејачката коалиција минатата недела, со разрешувањето на министерот за внатрешни работи и оставките на другите министри , сега е во опозиција.
Шефот на Слободарската партија, Хајнц-Кристијан Штрахе, ја напушти функцијата вицеканцелар, по објавувањето на видео-снимка на која се слушаат неговите ветувања дадени на наводен руски олигарх за тендери, доколку тој за возврат му пружи помош во кампањата. Со заминувањето на Штрахе, пропадна и владината коалција, по што следеше гласањето на надоверба.