Змија отровница каснала жена, која се движела во атарот на селото Шашаварлија, близу Штип. Жената веднаш е префрлена на Инфективното одделение на Клиничката болница, каде е хоспитализирана. На жената и’ е пружена медицинска помош и е во добра здравствена состојба, потврдуваат од болницата.
Иако времето е променливо, со повремени врнежи од дожд, топлото време, се чини, алармира на доза внимателност при движење во природа.
Во Македонија има 16 видови змии, од кои три вида се отровни.