За 30 јуни најавени предвремените избори во Грција – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/19 3:28 PM

За 30 јуни најавени предвремените избори во Грција

Предвремените парламентарни избори што ги објави доцна синоќа премиерот Алексис Ципрас,  ќе се одржат на 30-ти јуни, откако опозициската Нова демократија триумфираше  на европските избори.

Според истите информации, за периодот од еден месец нема да биде назначен вршител премиер,  како во летото 2015 година , туку Ципрас само ќе ги промени министстрите за внатрешни работи и правда, како  и портпаролот на владата.