Општина Тетово доби стационар за згрижување на кучиња скитници – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/19 2:46 PM

Општина Тетово доби стационар за згрижување на кучиња скитници

За првпат  Тетово доби стационар за згрижување на кучиња скитници. Предвидено е на годишно ниво да се заловат и згрижат околу 240 кучиња.

Бездомните животни најпрвин ќе се заловат со специјално возило, а потоа ќе бидат третирани од ветеринарен тим и по околу една недела чипирани ќе бидат вратени од местото каде биле заловени.

Од Општината велат дека планираат на годишно ниво да заловат и згрижат околу 240 кучиња.

 -Фирмата која беше избрана на тендер  направи стационарот од 20 кафези за третман на кучиња скитници,  За целата оваа работа, се издвоени средства во вредност од 500 илјади денари, што не се доволни , а за да продолжи  успешната  имплементација на програмата се надеваме дека за идната година ќе бидат обезбедени  повисоки средства, истакнаа од Општина Тетово.

Општина Тетово за првпат презема некакви мерки за решавање на проблемот со кучињата скитници. Во последно време бројката на овие бездомни животни значително се зголеми, при што дел од нив беа затруени од страна на несовесни граѓани.