Регулаторната комисија за енергетика, пресметувајќи според новата методологија за формирање на малопродажните цени на дериватите, го објави новиот ценовник што ќе важи во следните седум дена.
Од ноќеска на полноќ, бензините „Супер 95“ и „Супер 100“, поевтинуваат за еден денар и ќе се продаваат по цена од 71,00, односно 73,00 денари, додека дизел горивото ќе се продава поевтино за два денара и ќе чини 64,00 денари за литар.
Од Комисијата наведуваат дека ако трговците и оваа недела самите ги пресметуваа малопродажните цени, цената на бензините ќе останеше непроменета додека дизелот ќе поевтинеше за еден денар.
Главни критериуми во формирањето на цените и натаму ќе бидат курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта на светските берзи.