Пионерската екипа на „УГД студент“ викендов стана нов државен шампион во одбојка на Македонија.
Натпреварот се одигра против екипата на „Весна“ од Пробиштип, а „УГД студент“ победи со 3:1.
Гостите од Пробиштип водеа со 24-19, а штипјани на крајот се радуваа на победата 26-24. Во останатите сетови 21-25, 25-22, 25-21 и 26-24.
Натпреварот се одигра во Спортската сала „Јордан Мијалков“, каде што на крајот им се доделуваа и медалите на младите одбојкари од Штип.
Ова е најголемиот успех на одбојкарите од Штип.
преземано:studenti.mk