Капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт, сé уште не одлучи во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, објави „Скај спортс“.
Претходно се шпекулираше дека Барселона, Ливерпул и Манчестер јунајтед покажуваат интерес за 19-годишниот Холанѓанец.
– Се разбира, знам дека имам интерес од некои тимови, но не можам да кажам кои се тие. Каде се гледам следната сезона? Премиер лигата е една од најдобрите лиги во светот, може да го кажам истото за Ла лига, но има и други добри првенства. Искрено, сè уште не знам каде ќе ја продолжам мојата кариера, вели Де Лихт.
Во сезоната 2018/19, тој одигра 55 натпревари постигна седум гола и оствари четрири асистенции.
Деветнаесет годишниот Холанѓанец со Ајакс стана шампион на Холандија, го освои националниот куп и да стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите.
На фудбалскиот пазар вредноста на Де Лихт се проценува на 70 милиони евра.
МИА