Разрешени сите шест потпретседели на СДСМ – ММС
ММС

Објавено на: 05/26/19 9:18 PM

Разрешени сите шест потпретседели на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва ги разреши генералниот секретар на партијата, шестте потпретседатели и организацискиот секретар.

Според партиски извори, на кои се повикуваат медиумите, разрешен е Александар Кирацовски од генерален секретар и Миле Зечевиќ од организациски секретар. Разрешени се и потпретседателите на партијата Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Фросина Ташевска-Ременски, Петре Шилегов, Мухамед Закири и Благој Бочварски.

Донесените одлуки на ЦО се очекува да ги потврди лидерот на партијата Зоран Заев во изјава за медиумите по завршување на седницата.

Премиерот претходно разреши 78 претседатели на општински органиации на партијата.

Ова се дел од кадровските смени што ги најави премиерот за време на претседателските избори.

 

МИА