Судот за прекршоци во Осиек, Хрватска, поради нарушување на јавниот ред и мир го осуди бездомникот Миодраг Павошевиќ (62) на забранет пристап во Осиек на шест месеци, пишуваат хрватски медиуми.
Миодраг пред две години добил отказ од работа, а не се пријавил во центарот за прифаќање бездомници „Свети Винко“ во Осиек. Се оддал на талкање низ градот. Често бил пијан, не одржувал лична хигиена, спиел во чекалниците на автобуската и на железничката станица, а од полицијата бил фатен како врши мала нужда на паркингот пред железничката, со што ги омаловажувал моралните чувства на граѓаните, а редовно со себе не носел и лични документи.
За тие прекршоци, освен протерувањето од градот, судот му изрекол и затворска казна од седум дена и парична од 980 куни.