Политичарите на главните европски партии ги повикаа избирачите да и’ се противстават на ултрадесницата по снимката што го урна водачот на Слободарската партија на Австрија (ФПО) и им зададе удар на националистите на неколку дена пред изборите за Европскиот парламент.
ФПО е дел од Сојузот на европски наионалистички партии што ги води италијанскиот заменик-премиер Матео Салвини од партијата Северна лига, која минатата седмица во Милано одржа митинг со Марин ле Пен од Франција.
Германската канцеларка Ангела Меркел пред една недела рече: „Мора да се позанимаваме со популистичките движења, кои во многу области ги презираат европските вредности. Тие сакаат да ја уништат Европа на нашите вредности. Мора одлучно да им се противствиме“.
Европските ултрадесничарски партии остварија успех на изборите во 2105 година, кога повеќе од еден милион азиланти влегоа во ЕУ. Оттогаш станаа доминантни политички движења во повеќе поранешни европски комунистички држави, а се дел и од владејачките коалиции во Австрија и во Италија. Некои западни медиуми ги сметаат за марионети на Русија, сметаат и оти зад случувањата во Австрија стојат германски тајни служби, а потоа можеби редот ќе им дошол на Орбан, Салвини, Ле Пен…