Со југословенскиот пасош не можеше да се влезе во соседните земји Грција и Албанија, кои рамо до рамо со големите САД, СССР и Кина бараа визи.
За познатиот црвен пасош на поранешната СФРЈ се ширеа разни приказни, а најпозната е дека со него можеше слободно да се патува насекаде.
Пасошот на СФР Југославија беше важечки меѓународен патнички документ за граѓаните на Социјалистичка Федеративна Република Југославија за меѓународни патувања.
Пасошот е опишан како високо почитуван на меѓународно ниво. Како резултат на тоа, многу граѓани на СФРЈ можеа да одат во западните држави за време на “студената војна” и да имаат можност да најдат работа во западноевропските компании.
Исто така, овој пасош е опишан како еден од најсоодветните во светот, бидејќи бил еден од ретките пасоши кои граѓаните на СФР Југославија можат слободно да патуваат кон исток и запад.
Главната причина за овој вид патување е надворешната политика што ја водеше Југославија во текот 60-те години на федерацијата. Таа, како еден од лидерите на Движењето на неврзаните, ѝ овозможи да потпише бројни договори за безвизен режим со земјите од ова движење, но и со повеќето европски земји, како во Источниот така и во Западниот блок.
Граѓаните беа во можност да патуваат во скоро сите земји во светот без визи, но не и во САД, СССР, Израел, Кина, Грција и Албанија.
Во 70-тите, околу половина од возрасните државјани на Југославија имале пасоши и ги користеле активно, поради туризам, работа или шопинг, што предизвикало појава на гастарбајтери, но исто така и позната облека од Трст.
Колку Југословените сакаа да патуваат е фактот дека во 1976 година, земјата со 20 милиони жители имала 16 милиони премини со југословенски пасош. За повеќето наши луѓе движењето беше сосема нормално.
Цена на црниот пазар на ЈУ пасошот изнесуваше околу пет илјади американски долари .
Земајќи го предвид овој факт, се поставува прашањето за вредноста на пасошите на југословенските републики денес?
Секоја година се објавува индекс на пасошка моќ во светот, односно листа која покажува во колку земји во светот имаат може да се патува со одреден пасош без визи: Словенија (149), Хрватска (143), Србија (113), Македонија (108), Црна Гора (105) , Босна и Херцеговина (101).
Погледнете кој пасош колку вреди: https://www.passportindex.org/