НАТО усвои нова стратегија за борба против руската нуклеарна закана – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/19 6:59 PM

НАТО усвои нова стратегија за борба против руската нуклеарна закана

Германскиот весник Welt am Zontag го цитира генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој откри дека новата воена стратегија на НАТО што беше усвоена оваа недела, е одговор на руската “нуклеарна закана”.

Столтенберг нагласува дека ” понекогаш е неопходно да се создадат нови воени концепти “, со цел да се одржи безбедноста на Алијансата.

Моќта на НАТО е “да можеме да направиме промени, кога е потребно “, појасни тој и додаде дека новата воена стратегија е “за значително подобрување на нашите воени можности во тешки времиња”, отколку да се “смири претседателот на САД Доналд Трамп “.

Трамп постојано повикува земјите-членки на НАТО да ги зголемат трошоците за одбраната до најмалку 2% од БДП.

Столтенберг во четвртокот на конференцијата за сајбер безбедноста во Лондон рече дека НАТО нема да се двоуми да ги искористи сите потребни средства за да одговори на сајбер нападите. Тој, исто така, кажа дека претставниците на НАТО се согласија дека сајбер-нападите може да го активираат член 5 од основачкиот договор, кој предвидува напад врз една држава да се смета за напад врз сите членки на Алијансата.