Утре сончево, во понеделник пороен дожд – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/19 5:26 PM

Утре сончево, во понеделник пороен дожд

Во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, главно во западните планински подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува засилен југоисточен ветер. Засилен јужен ветер ќе дува и во вторник, но условите за нестабилност тогаш ќе се намалени,соопшти УХМР.

Времето утре во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Кон крајот на денот и особено на запад ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Т-мин. од 6 до 14 а т-макс. од 22 до 29 степени.