Кочанското Здружение „Јосип Броз Тито“ со дефиле низ центарот на градот и штафетата на младоста го прослави 25-ти Мај -„Денот на младоста“ и роденденот на Јосип Броз Тито.
Поворката со капи со познатата југословенска петокрака, маици со грбот на Југославија и ликот на Тито и знамињата на Југославија и на Македонија заврши во центарот, каде се одржа свеченост. Беше интонирана химната на Југославија „Хеј Словени“ се разви партизанското оро, а се пееја песни посветени на Маршалот Тито и на Југославија.
Пионерите од здружението ја импровизираа познатата штафета на мадоста, која со години на 25 мај му се предаваше на Тито. Кочанските пионери штафетата му ја предадоа на Трајче Трендов, кој е претседателот на здружението.
На свеченоста присуствуваа и гости од Србија и Словенија, некогашни братски републики на СФРЈ.