Момчето со изгореници сепак ќе биде транспортирано на лекување во странство – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/19 4:52 PM

Момчето со изгореници сепак ќе биде транспортирано на лекување во странство

Министерството за здравство информира дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар, е испратено на лекување во најголемиот центар за изгореници на Балканот.

Како што се посочува, станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници. Обезбедено е санитетско возило од брзата помош и тргнати се во болницата Пирогов.

-Голема благодарност до колегите во Софија кои веднаш обезбедија место за понатамошно лекување на детето и му посакуваме побрзо закрепнување, стои во соопштението.

Момчето има 80% изгореници на телото по добиениот струен удар движејќи се на пруга. Со часови на социјалните мрежи се алармираше за неговата состојба, а се бараше и помош со изнајмување на хеликоптер, кој би го транспортирал тешко повреното момче до Словенија. Според објаснувањата, единствено министерот за здравство може да даде одобрение за транспорт со хеликоптер, меѓутоа, не бил во државата. Подоцна, во текот на денот, Министерството за здравство одговори дека пацинетот ќе биде транспортиран во Софија, Бугарија.