Бизарен закон од сега во оваа американска држава дозволено е телата на луѓето по смртта да станат ѓубвриво.
Во американската држава Вашингтон донесен е нов закон: луѓето може да бидат погребани на „еколошки“ начин. Ако не сте сигурни што тоа точно подразбира ова, еве одговор: во прашање е биоразградување на човечките тела.
Овој процес претставува помалку радикално алтернативно кремирање, но и погребување, посебно во градовите во кои се во недостатог со грбни места, со што се смета и за практично решение.
На крајот на процесот на разградување, блиските на починатиот добиваат земја која може да ја искористат да засадат цвеќе, дрво или овошје.
Новиот закон е потпишан минатиот вторник од страна на гувернерот Џеј Инсли.
Катрина Спејд, која лобирала за овој закон да биде усвоен, основала своја компанија која би можела да биде прва која ќе го овозможи овој вид на услуга.
„Разградувањето нуди алтернативно балсамирање, крмеирање и погребување на телото. Алтернативата која е природна, сигурна, одржлива и која ќе влијае на значајно намалување на емисиите на јаглерод диоксид како и на заштеда на користење земја“, изјавила таа.
Како функционира биразградливото човеково тело?
Таа објаснила како точно тоа се изведува во нејзината компанија. Телото се сметува во шестоаголен челичен контејнер полн со билна луцерка, парчиња дрва и слама. Контејнерот како таков се затвора и телото природно се разградува во период од 30 дена, создавајќи при тоа ѓубриво кое може да се наполни во две колички.
Ваквиот вид на погреб станува се популарен.
Неодамна откриено е дека актерот Лук Пери е погребан токму на овој начин и тоа во „одело“ од печурки.
Џеј Рим Ли, креаторот на ова одело кое може да се купи по цена од 1.500 долари, тврди дека ова одело ја намалува количината на загадување кое се ослобидува во текот на кремиерање на тело. Оделото е составено од потполно разградлив материјал кој помага и за само разградување на телото, а кој исто така пренесува хранливи материи во билниот свет.