Јавноста згрозена: Кремирале здраво куче за да биде погребано со сопственичката – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/19 1:00 PM

Јавноста згрозена: Кремирале здраво куче за да биде погребано со сопственичката

Кучето Ема било еутанизирано и кремирано според последната желба на сопственичката, која сакала по смртта да биде погребана заедно со својата миленичка.

Здруженија за заштита на животните со недели безуспешно се обидувале да ги убедат ветеринарот и центарот за кремирање да се откажат од тој план. Се нудела и помош за вдомување на кучето кај друг сопственик, што не би било проблем зашто за такви кучиња имало интерес. Но, се’ завршило безуспешно.

Смртта на Ема предизикала дебати и згрозување на јавноста во Вирџинија, САД.