Путин бара богатство од музеј во Загреб вредно милион евра – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/19 10:56 AM

Путин бара богатство од музеј во Загреб вредно милион евра

Руските дипломати во Загреб се подготвуваат за првата службена посета на претседателот на Русија, Владимир Путин во Хрватска, кој може да пристигне, како што неодамна објавил рускиот амбасадор во Хрватска Анвар Азимов во едно интервју, дури следната година.

Како што наведува еден хрватски портал, сега на масата се наоѓа и прашањето сликата на рускиот уметник Николас Рерих, роден под името Николај Констанинович Рерих, точното прашање е враќањето на неговите дест вредни слики кои повеќе од 85 години се наоѓат во Модерната галерија во Загреб.

Амбасадорот Азимов го поттикнал прашањето за предавање на тие слики на Рисија, земјата од која потекнува Рерих од која заминал во далечната 1917 година, во времето на Октомвриската револуција, и во која никогаш не се вратил.

Иако сликите се добро згрижени во Модерната галерија, изјавил Азимов, Русија ги бара бидејќи како што тој вели „таму има поголемо барање за нив“.

Пред враќање на уметничките дела на овој уметник, потребно е да се утврди прашањето за сопственоста, па токму затоа руската амбасада започнала разговори со Министерството за култура на Република Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.

Примопредавањето на сликата помеѓу Југословенста академија на науките и уметностите и основачот на Модерната галерија, Хрватското друштво на уметностите „Штросмајер“ извршена е во 1934, за кој псотои и записник.

Во склоп со Законот за заштита и чување на културното наследство, не е дозвололен негов траен, временски неограничен извоз и изнесување од Република Хрватска., стои во дописот кој експресно бил испратен од ресорното министерство.