Демир Капија Outdoor фестивал 2019 (видео+галерија) – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/19 11:16 AM

Демир Капија Outdoor фестивал 2019 (видео+галерија)

Поривот за авантура ги собра на едно место извидниците, велосипедистите, спортските федерации и љубителите на природата воопшто. Изминатиот викенд, тие во раскошната природата на територијата на општина Демир Капија пулсираа во ритамот на позитивните вибрации, кои се ширеа преку рекреативното спортување. Со нивното дружеше го прославија шестиот роденден на Интернационалниот фестивал за спортови во природа International OUTDOOR festival 2019.

Во организацијата на Фестиваот, се вклучи и Општина Демир Капија

Од општината со најава –  туризмот во овој дел од државата ќе се развива според мерките што ги предвидува веќе изготвената Стратегија за оваа цел. Мерките кои ги предвидува ваквиот документ ќе се реализираат со финансиска поддршка од Агенцијата за развој на туризмот и од  Швајцарската амбасада.