„Патување низ Сончевиот систем“ – едукативна изложба по Широк Сокак – ММС
ММС

Објавено на: 05/23/19 5:51 PM

„Патување низ Сончевиот систем“ – едукативна изложба по Широк Сокак

Регионалното географско друштво „Геосфера“ и Астрономското друштво од Битола во соработка со географско-астрономските секции на  Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ Битола и неколку основни училишта денеска на Широк Сокак ја поставија едукативната изложба насловена „Патување низ Сончевиот систем“.

Изложбата беше замислена како намален размер на Сончевиот систем, каде Сонцето  беше во големина на тениско топче и сите планети пропорционално на тој размер се оддалечени од него, со што секој можеше да ја утврди големината на Сончевиот систем. За секое небесно тело беа изложени постери изработени од учениците.

Целта на оваа изложба е на интерактивен начин да им се приближат знаењата за Сончевиот систем на сите љубители на астрономијата.

-Сонцето го претворивме во тениско топче и аналогно ги наместивме сите планети и небесни тела од сончевиот систем. Со оваа акција сакаме да го свртиме вниманието на младите, во таа насока планираме активности со астрономското друштво од Битола, рече Мите Ристов, претседател на Геосфера.

Од регионалното географско друштво Геосфера велат дека средношколците кои се интересираат за астрономија најчесто продолжуваат на студии во Словенија.

-Сонцето го претворивме во тениско топче и аналогно ги наместивме сите планети и небесни тела од сончевиот систем. Со оваа акција сакаме да го свртиме вниманието на младите, во таа насока планираме активности со астрономското друштво од Битола, рече Ристов.