Огромен смок со гигантски размери денес бил забележан во кратовското село Филиповци. При работа на поле, неколку работници во непосредна близина случајно го забележале огромниот влекач, по што со стапови го отепале. Изненадени од големината на смокот, го измериле и се запрепастиле кога метрото покажало должина од 4,5 метри.
Ова не е единствен случај на гигантски влекачи во Кратово, бидејќи пред само неколку дена Тоше Мијалев во дворот на својата викендичка во Кратово усмрти змија долга 2 метри, објави порталот aberdzija.mk.
Објавено на: 05/23/19 4:15 PM