Општина Тетово традиционално го одбележа 24 Мај, Денот на просветителите Кирил и Методиј.
Чествувањето на сесловенските просветители треба да биде празник на културата ,солидарноста и единството на сите словенски народи, истакна градоначалничката на Тетово Теута Арифи
Таа,додаде дека за напредокот на образованието во сите училишта во Тетово говори фактот на освоени безброј награди на учениците на општински и регионални натпревари, како и дека во образовниот процес се воведува дигитализацијата.
Награди и признанија за успешна работа на денешното чествуваше добија неколку просветни работници од тетовските училишта, меѓу кои и директорот на Средното стручно училиште Моша Пијаде, Небојша Трпковски.
Свеченоста се одбележа во големата сала на Општина Тетово каде настапи женскиот младински хор Менада и ученици од Музичкото училиште Тодор Скалоски Тетоец.
Зоран Димовски