Продолжуваат проблемите на тетовските пожарникари. Откако реагираа на немање соодветна опрема за гасење пожари и неисплатени дневнници за дополнителна работа, сега на површина излегоа други проблеми.
Тетовските пожарникари се пожалија на лошите услови во објектот на Тетовска пожарна. Како што велат, објектот е како од 19 век со искршени неисправни и руинирани тоалети, дотраен мебел.
-Од Општината постојано ни велат дека ќе одвојат пари за реновирање на објектот но и за опрема, но ситуацијата е се полоша. Се снаоѓаме сами одводните цевки ни поминуваат над плочки, паднати се дел од ѕидовите инсталацијата е лоша ама никој ништо не презема, велат тетовските пожарникари.
На денот на пожарникартие 20 мај кој беше одбележан во кругот на Територијалната противпожарна единица Тетово од Независникот синдикат на пожарникарите, се пожалија и на неисплатата на дневници за дополнителна работа.
Тетовските пожарникари опслужуваат и уште 5 рурални општини од тетовско. Но и покрај зголемените обврски тие и натаму не добиваат тоа што има следува од општината, ниту пак централните власти покажуваа интерес за решавање на нивните проблеми.
Зоран Димовски