Amazon ги претвора бизнис задачите во видео игри – ММС
ММС

Објавено на: 05/23/19 3:14 PM

Amazon ги претвора бизнис задачите во видео игри

Работните услови во магацините на Amazon се прилично остри, па компанијата измислила нови тактики за кои се верува дека ќе го олесни животот на вработените.

Тие ја претвориле работата во видео игра и почнале да инсталираат големи екрани покрај работните станици.

На нив ќе се прикажуваат едноставни игри со имиња како PicksInSpace, Mission Racer и CastleCrafter кои физичките активности на работниците, како што е преместување стока ќе се претвори во виртуелно движење во рамките на играта.

Така, на пример, брзината на пакување на работите ќе влијае на брзината на движење на автомобилот во некоја од игрите, па ќе победуваат оние кои се најефективни.

Игрите се замислени, така што работата ќе ја прават помалку напорна и ќе ја подобрува продуктивноста на работниците, кај кои, ако што тврдат експертите, ќе се разбуди натпреварувачкиот дух.

Учеството во игрите се одвива на доброволна основа, а веќе се инсталирани на екраните на пет локации во Соеднинетите Американски Држави, каде менаџерите ги наградуваат работниците кои се најдобри во некоја игра, а наградите се во форма на валута на компанијата, која работниците ќе можат да ги заменат исклучиво за  производи од Amazon.

Процесот на трансформирање на работата во игра, е познат како Гејмификација, во некои компании веќе се користи за тестирање на услуги и производи, како и за зголемување на продуктивноста.

 

Извор: denar.mk