Јовески: Треба да се изнајде форма да останат обвинители кои се непристрасни, самостојни и независни – ММС
ММС

Објавено на: 05/23/19 1:49 PM

Јовески: Треба да се изнајде форма да останат обвинители кои се непристрасни, самостојни и независни

Мој личен став е дека треба да се изнајде форма во обвинителството да останат обвинители кои се непристрасни, самостојни, независни, кои функцијата на обвинител ќе ја извршуваат согласно професијата и се лојални само на Уставот и законите на Република Северна Македонија, изјави денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Во однос на идејата за ветинг на судиите и јавните обвинители, Јовески рече дека се води расправа, но доколку се прифати некое такво решение треба да има соодветна законска измена.

– Во постапка е донесувањето на новиот Закон за јавното обвинителство и Законот за советот на јавни обвинители каде се предвидени и проширени основите за одговоност на јавните обвинители, но за првпат се предвидени и основи за отповикување, односно одговорност на членовите на Советот на јавните обвинители, изјави Јовески по потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу Академијата за судии и обвинители, ЈОРМ и ОБСЕ/ОДИХР.