„НАТО не се согласува се неправедната и незаконска анексија на Крим од Руската Федерација и ја повикува Москва да ја повлече својата војска од полуостровот“, изјави шефот на воениот комитет на Алијансата, Стјуарт Пич.
Тој ја повика Русија и да ги ослободи украинските морнари во инцидентот во Азовското Море.
Русија го припои Крим во март 2014 година, откако се одржа референдум на полуостровот по превратот во Киев.
За рускиот претседател Владимир Путин, Крим е веќе затворено прашање, а Украина и понатаму полуостровот го смета за окупирана територија.