Има ли крај на возењето без возачка дозвола? – ММС
ММС

Објавено на: 05/23/19 9:27 AM

Има ли крај на возењето без возачка дозвола?

Од вкупно 32 возачи исклучени од сообраќај вчера дури 30 се без возачка дозвола, а само двајца возачи почетници, покажуваат информациите од СВР Скопје. Голем бројот возачи учесници во сообраќајот без возачка дозвола.

СВР Скопје денеска соопшти дека од сообраќај се исклучени и 18 нерегистрирани возила.

Инаку, во вкупно 14 сообраќајни несреќи вчера во Скопје, шест лица се здобиле со лесни, а едно лице со тешки телесни повреди.

За непрописно паркирање издадени се 97 казни, а пајакот подигнал 89 возила.

Петнаесет возачи во текот на вчерашниот ден користеле мобилен телефон за време на управување со возилото, соопштија од СВР Скопје.