Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги обвини демократите во Конгресот дека ги „растураат“ САД со спроведувањето истраги кои произлегуваат од процесот за наводното мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година.
– Не можете истовремено да спроведувате истраги и да учествувате во носењето закони, им се обрати Трамп преку Твитер на пратениците од Демократската партија во Конгресот.
Трамп се огласи откако нагло ја прекина средбата со демократските пратеници, за време на кој разговараа за инфраструктурата, откако претседавачот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го обвини за прикривање. Обвинувањето на Пелоси дека Трамп учествува во „случајот на прикривање“ доаѓа во момент кога се поголем број демократи во Конгресот бараат почнување постапка за отповикување на претседателот.
МИА