Пропуст во гласањето: Тамара сепак на седмото место, а на прво според жирито – ММС
ММС

Објавено на: 05/22/19 7:15 PM

Пропуст во гласањето: Тамара сепак на седмото место, а на прво според жирито

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска сепак заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите на жири комисијата.

На интернет страницата на Евровизија е објавено дека е констатиран пропуст во гласањето на белоруското жири, а среќната вест ја објави и Тамара Тодевска на нејзиниот профил на „Фејсбук“.